/

Нашето сеопфатно портфолио вклучува повеќе од 1,000,000 производи од избрани меѓународни добавувачи. Заедно ние нудиме флексибилни решенија прилагодени на потребите на нашите локални клиенти.

Зголемување на меѓународната конкуренција во областа на истражувањето бара лична поддршка на клиентите која се фокусира на планирање и на реализацијата на проекти. Експертите на Biomedica се запознати со процесите на набавка и структурирање на истражувачките проекти и затоа може да им помагаат на нивните клиенти во врска со истражувачки грантови на професионална основа.

Biomedica ги поддржува истражувачите со тоа што им обезбедува инсталација на опрема, обука и сервиси и со тоа што им овозможува да постигнат брзи и сигурни резултати.

Нашите клиенти имаат придобивки од широката палета на висококвалитетни реагенси за испитување, врвна опрема, отворени и затворени системи и потрошни лабораториски материјали соодветни за многу различни примени и квалификувани за академско и индустриско истражување, особено во фармацевтската и биотехнолошката индустрија.

Главни области

Бидејќи сме свесни дека се фокусирате на витален дел на живи организми, ние ви помагаме во карактеризирањето и разбирањето на протеините кои управуваат со нормалната физиологија и патофизиологија.

Проучувањето на протеините, нивните интеракции и однесување во клеточното опкружување, како и поврзаните сигнални патеки е фундаментално за основното биолошко истражување и откривање на лекови.

Протеомичките откритија и напори до денес воглавно се насочени кон подрачјата на имунологија, канцер и истражување на биомаркери. Biomedica нуди широка палета на висококвалитетни реагенси од врвни добавувачи и за иновативни и за конвенционални технологии.

Со повеќе од 30 години искуство во протеомика и имунологија, нашите вработени станаа водечки експерти во нивните соодветни области.

Ние сме ваш партнер за:

  • Протеомика: од интеракција, експресија и прочистување до откривање и анализа.
  • Клеточно и имунолошко истражување
  • Најмодерен скрининг, единечни и мултиплекс примени

Нашето портфолио на избрани производи започнува од просторна транскриптомика, PCR и qPCR инструменти и прибори, подготовка на NGS библиотека па се до најмодерни столни читачи на микроплочи и подложни плочи.

Научници, доктори, фармацевти и клиенти од индустријата кои се заинтересирани за такви теми како што се експресија на гени, цитогенетика, SNP, валидација на биомаркери, реакција на лекови, функционална анализа и многу други се добредојдени да пребаруваат низ нашето сеопфатно портфолио и да ја најдат вистинската алатка за нивното истражување.

Ние сме ваш партнер за:

  • Експресија на гени
  • Цитогенетика
  • Валидација на биомаркери
  • Реакција на лекови
  • Функционална анализа и многу повеќе

Истражувањето во клеточната биологија е основно за сите биолошки науки.
Клеточната култура и конкретната анализа на клеточни процеси и состојби има витална улога во клеточната биолошка анализа.

Ние сме ваш партнер за:

  • Култура на клетки и ткива: примарни и имортализирани клетки
  • Медиуми и додатоци
  • Трансфекциски реагенси
  • Пластика за клеточни култури
  • Инструменти, платформи и друга опрема


За информации во врска со нашата сеопфатна линија на производи за апликација, видете ги деловите за:

  • Имунологија / Протеомика
  • Геномика / Молекуларна биологија

Поседување на вистинска лабораториска опрема и производи за ракување со течности е основно за истражување и дијагностика.

Избирањето на најдобриот квалитет ви помага да се фокусирате на она што е најважно на крајот: успешно унапредување на вашата работа во наука и истражување.

Biomedica нуди широка палета на висококвалитетни производи кои ќе обезбедат непречено работење на вашата лабораторија.

Ние сме ваш партнер за:

  • Продолжетоци и пипетори
  • Епрувети
  • Плочки / ленти / држачи за молекуларна биологија
  • Плочки / мензури / садови и други контејнери за клеточни култури
  • Криоепрувети и кутии
  • Резервоари
  • Филтри
  • Основна опрема

Обезбедуваме широка палета на лабораториска опрема и инструменти за нашите клиенти. Изборот се протега од едноставна основна лабораториска опрема до високотехнолошки решенија.

Нудиме отворени системи за секојдневна лабораториска работа и затворени системи за посебни истражувачки потреби. Нашето портфолио вклучува решенија за единечни и мултиплекс апликации, протеомички и геномички истражувања. Ваша придобивка е нашата поддршка на самата локација, инсталацијата на инструменти, како и услуги на обука и одржување.

Ние сме ваш партнер за:

  • Експресија на гени: PCR, qPCR
  • Единечни и мултиплекс апликации
  • Читачи на микроплочи и подложни плочи
  • Вестерн блот и приказ на нуклеинска киселина