/

Нашиот тим за ИВД е одговорен за широка палета на производи за хумана дијагностика во приватни лаборатории, болнички лаборатории и референтни центри во 13 земји. Biomedica е специјализирана во области кои користат најмодерна технологија која се состои од непосредни испитувања врз пациентот како и тестирања од средно до големо количество на излезни резултати. Многу од нашите производи се валидирани за врвна опрема и/или за затворени системи.

Biomedica не само што го снабдува пазарот со реагенси и прибори за тестирање, туку исто така со опрема што се инсталира, валидира, одржува и сервисира од локалните експерти на Biomedica. Ние го обучуваме и остручуваме клиентот во текот на инсталацијата и нудиме курсеви за обука и континуирани програми за сервис и одржување.

Нашите добавувачи се избрани лидери на пазарот во нивните полиња, кои се познати по нивните производи со врвен квалитет. Низ повеќе од 40 години на соработка со нашите добавувачи ние воспоставивме основа за одржлива и конструктивна соработка и затоа можеме да им обезбедиме на нашите клиенти брзи реакции и соодветни решенија за нивните конкретни потреби.

Главни области

Biomedica ви нуди тестови за анализа на сите параметри поврзани со имунолошкиот систем (имунолошки клетки, имунолошки медијатори, антитела, имунолошки гени) за дијагноза на имуни болести (алергии, автоимуни болести, автовоспалителни болести, болести на имунодефициенција) или патолошки или непосакувани имунолошки реакции (отфрлање на трансплант, болест на графт наспроти домаќин, повторливи абортуси).

Исто така, нудиме имунолошки тестови (ELISA, CLIA, RIA) за одредување на хормони, тумор маркери и многу други параметри.

Вирусите се биолошки ентитети кои можат да живеат и да се размножуваат само во домаќин кој е жив организам како човек, животно или растение. Некои вируси предизвикуваат средни до тешки форми на болести.
Biomedica нуди извонредно широка палета на тестови и компоненти кои помагаат во брзо и ефикасно дијагностицирање на вирусни инфекции кои вклучуваат ДНК/РНК апликација, откривање антиген/антитело, како и брзи тестови.

Нудиме широка палета на платформи почнувајќи од целосно автоматизирани инструменти со единечен примерок до молекуларни работни станици со високо количество на излезни резултати. Ин витро дијагностичките инструменти осигуруваат доверливо дијагностичко тестирање. Biomedica постојано настојува да понуди иновативни, најмодерни инструменти.

Бактериологијата е гранка на микробиологијата која ја изучува морфологијата, екологијата, генетиката и биохемијата на бактериите како и многу други поврзани аспекти. Разбирањето на овие карактеристики може да помогне во спречување или дијагностицирање болести предизвикани од бактерии. Biomedica нуди широка палета на производи за клиничка бактериологија вклучувајќи медиуми за култури и системи за брзи молекуларни тестови.

Соодветното и брзо испитување е водечката сила на непосредното Point-of-care (POC) испитување на пациентот. POC дијагностичките уреди служат за непосредно собирање и анализирање на примероци од пациентот и потоа обезбедување брзи повратни информации и резултати надвор од лабораториско опкружување

Непосредното испитување врз пациент (POC Testing или испитување покрај кревет) се дефинира како медицинско дијагностичко тестирање во или блиску до точката на пружање нега, т.е. во време и место на самата нега на пациентот. Ова е спротивно на долго востановената пракса на тестирања целосно или главно во медицинска лабораторија.

Потенцијалните работни придобивки вклучуваат побрзо донесување решенија и тријажа, намалено време на оперирање, време на високозависна постоперативна нега, време во интензивна нега, број на посети во дневна болница и број на задолжителни болнички кревети, обезбедувајќи оптимално користење на професионалното време и намалено користење на антимикробни лекарства.

Паразитологија е наука за паразити, нивните домаќини и врската помеѓу нив.

Паразит е организам кој живее на или во домаќин од кого ја добива својата храна.

Заедно со нашите партнери, Biomedica може да ви понуди системи за испитување на болести кои се предизвикани од 3 главни класи на паразити:

протозои (Гардија, маларија, Ентамоеба и сл.), хелминти (Ascaris lumbricoides, Филарија, Тенија, Стронгилоиди и сл.) и ектопаразити (болести што се пренесуваат од комарци и крлежи).

Слично на бактериите, паразитите може да развијат отпорност на лекови, што значи дека раното дијагностицирање е важно за контролирање на инфекциите и предвидување на понатамошно ширење на болеста.

Габичните инфекции зафаќаат приближно една четвртина од глобалното население. Глобално, секоја година, тие убиваат најмалку 1,350,000 пациенти со или проследени со СИДА, канцер, туберкулоза и астма, Забележаното зголемување на инциденцата на отпорни на лекови и претходно ретки габични видови станува грижа на јавното здравје. И покрај големото клиничко и економско оптоварување, свеста на јавноста за инвазивни габични болести сè уште е ниска.

Рана дијагноза и правилен третман имаат директно влијание врз преживувањето на пациентот. За да се обезбеди рационална основа за антигабична терапија, постои итна потреба за подобрени дијагностички опции. Воведувањето на тестови без култура за рано откривање на инфекции со брза проценка на чувствителноста на лекови е важен чекор во оваа насока.

Biomedica има сеопфатно портфолио на дијагностика, вклучувајќи молекуларни испитувања наменети за брзо откривање и диференцијација на габични патогени и проценка на потенцијална отпорност на лекови.

Секоја година истражувачите откриваат нови детали за човечки генетски нарушувања, кои водат до можности за иновативен третман. Потоа, тоа бара чувствителни, точни и доверливи методи и стандардизирани анализи. Asuragen приборите со AmplideX линија нудат најмодерен дизајн, намалена комплексност, оптимизиран работен тек и квалитетно работење. Нивното портфолио вклучува прибори за дијагностицирање на синдром на фрагилен Х хромозом, спинална мускулна атрофија, миотоничка дистропија, Хантингтонова болест, предно-темпорална деменција (C9orf72) и Алцхајмерова болест.

Друга голема област за генетско тестирање е типизирање за транспланти и трансфузии.

Ние сме посветени на дефинирање на нов стандард на скрининг пред трансплантација, мониторинг по трансплантација, трансфузии и придружна дијагностика. Ние поддржуваме лаборатории со сеопфатна линија на HLA типизација, детекција на антитела, производи за испитување на крв и лабораториски инструменти. Потпомогнати со севклучувачки софтвер, нашите најсовремени HLA тестови ги поедноставуваат, управуваат со и известуваат за резултатите од тестовите, овозможувајќи им на лабораториските професионалци, доктори и истражувачи да ги подобрат животите на пациентите и нивните семејства.

Преку најдобрите реагенси во класата, вискозитет базираниот систем за детекција, напредните дигитални решенија и флексибилноста низ целиот лабораториски простор, ќе најдете решение кое е соодветно за вашата лабораторија. Ние можеме да ги опремиме сите лаборатории почнувајќи од најмалите лаборатории за коагулација до големи вмрежени лабораториски синџири. Тука, ќе најдете основни рутински агенси за високо специјализирани апликации. Може да изберете едноставна конфигурација, напредно поврзување со TLA или да креирате ваша сопствена работна ќелија. Нудиме константна поддршка за клиенти, континуирана едукација и иновативен пристап.

Дистрибуираме сеопфатна линија на производи за HLA типизација и откривање антитела, лабораториски инструменти и компјутерски софтвери кои се користат за да се поедностават и автоматизираат процедурите за тестирање и конечните евалуации на тестовите. Овие дијагностички тестови се користат во центрите за трансплантација ширум светот за да се одреди компатибилноста на донаторите и примателите пред трансплантацијата и по трансплантацијата со цел да се открие присуство на антитела кои може да доведат до отфрлање на трансплантот.

Воспоставување на нов стандард на нега во следењето на трансплантацијата е движечката сила позади нашите производи и програми за обука.

Клучни области:

  • Решенија за следење на трансплантација
    Ние ја нудиме водечката светска колекција на интегрирани решенија која ќе ви помогне во идентификување на антитела кои може да предизвикаат отфрлање на графт. Нашиот избор на анализи се разликува според форматот, чувствителноста и специфичноста. Сите производи се дизајнирани за лесна употреба, лабораториска ефикасност и оптимизирана автоматизација.
  • Технологии за HLA
    типизирање Дизајнирано да ги опфати различните потреби на HLA лабораториите, нашето семејство на молекуларни производи вклучува секвенционирање од следна генерација (NGS), типизирање базирано на секвенца (SBT), PCR во реално време (qPCR), прајмери специфични за секвенца (SSP) и олигонуклеотиди карактеристични за обратна секвенца (rSSO).
  • Решенија за откривање на не-HLA антитела
    Горди сме што можеме да понудиме решение на сите ваши потреби за откривање антитела вклучувајќи не-HLA антитела. Нашиот избор на анализи се разликува по формат и покривање од синглплекс ELISA AT1R и ETAR анализи до мултиплекс анализи од цврста фаза кои опфаќаат широка палета на цели вклучувајќи виментин, тубулин и многу други. Сите производи се дизајнирани за лесна употреба и лабораториска ефикасност и се оптимизирани за автоматизација.

Онкологија е гранка на медицината која се справува со превенција, дијагноза и лекување на канцер. Biomedica соработува со иновативни компании кои тежнеат да воведат нови параметри и нови технологии.
Нашите клучни производи вклучуваат брзи тестови, тестирање за леукемија, идентификација и следење на тумор маркери, гинеколошка и негинеколошка цитологија, како и терапевтско следење на лекарства.

Сепса претставува екстремна реакција на телото на инфекција. Таа е животозагрозувачка медицинска итна состојба. Сепсата се појавува кога постоечка инфекција активира верижна реакција низ вашето тело. Инфекции кои водат до сепса воглавно започнуваат во белите дробови, уринарниот тракт, кожата или гастроинтестиналниот тракт.

Времето е еден од најважните фактори кога станува збор за откривање и лекување сепса.

Biomedica нуди единствено решение со придобивки и за пациентите и за персоналот.

ЙЦитологија е дијагностички метод што воглавно се користи да се испита или потврди канцерозно ткиво.
Вклучува испитување на тип на единечна клетка. Дополнителните примени на цитологијата вклучуваат скрининг за фетални абнормалности, бактериски инфекции и габични инфекции. Цитологија базирана на течност (LBC) е релативно нов метод за подготовка на гинеколошки и негинеколошки примероци за цитолошко испитување.
Се разликува од класична подготовка на размаз, бидејќи клетките се суспендирани во течност и притиснати на
стакленце, така давајќи тенка подлога од клетки. Ова во голема мерка ја зголемува сензитивноста и специфичноста и овозможува стандардизација..